Од дадените состојки за тестото за кошнички замесете тесто, ако тестото ви е тврдо додадете малку топло млеко. Затворете го во најлон кеса и оставете го во фрижидер да одстои 1 час.
После тоа од тестото кинете по малку и фгормирајте топче кое што ќе го втиснете во лимени калапчиња/ ставам дополнителна слика од калапчињата/ . Ставете ги во плаехот и печете 15 мин во предходно загреана рерна на 180 степени.
Оставете да се изладат па извадете ги од калапчињата, ладни наполнете ги со урнебес салата, може и друга салата по ваша желба-руска, рендано сирење со зачини или друго по ваш вкус. Декорирајте со рендан кашкавал или со ливчиња од магдонос или сецкана зелена маслинка или по некоја ваша идеја.

Подготовка на урнебес салатата
Посолете ја изварката/урдата/,додадете го пиперот, ако не сакате може да се изостави, сецканиот лук и добро имешаје ја. Оставете ја некое време во фрижидер да се стегне малку/може околу пола саат до саат време.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално