Солени декоративни палачинки
Се замесува тесто со водата,јајцата,млекото и брашното и се мати со миксер.Се остава да одмори 30 минути а потоа се печат палачинки.
Одкако ќе се испечат на поширока чинија се става палачинка па се мачка со павлака.Над павлаката се ренда шунка,па втора палачинка па се мачка со мајонез па се ренда морков.Се продолжува наизменично една со мајонез,една со павлака и рендан морков,компир,краставички,шунка,кашкавал.
Најгоре се става палачинка,се ренда кашкавал и се сечат парчиња по желба.Оваа торта трпи измени а доста е вкусна и декоративна.
Исто така може да се наредат3-4 палачинки и да се заролаат па се добива ролат кој се сече накосо и парчињата се многу декоративни.
Лиценца: Сите права се задржани
no jasno e veke vo opisot pa ne e greska
i kaj mene go izostavile podatokot za bra[no kaj bovcite so sumsko ovosje
vo sekoj slucaj,vkusno, ubavo