Декоративно спремана торта - солена. Има слични рецепти за штангли, за ролати..овој пат вака спремано декоративен кекс и нормално дека ќе се вика торта. Ова по идејата на Ангелина или препознатливо по Инка56 која мнооогу убаво ја спремила. Вообичаено се правеше ова за Велигден и декорација со јајца, многупати сум ја правела со дадаток на Чили и ке ја крстевме како Машка торта поради тоа што лути - ептен пикантна... а оваа...оваа солена торта е за сечиј вкус. Ке ви се допадне.

- Исчистете 300 гр. спанаќ од рачките и жиличките што е можно повеке. Обарете, исцедете добро и кратко изблендирајте. Поделете ја добиената количина на два дела. Оставете настрана.
Припремете ја модлата на откопчување бр.24. Постелете со хартија запечење, страниците премачкајте ги малку со путер или маргарин. Исечете три круга хартија заради тоа што ке печете 3-три кори.
Кори со спанаќ
- Во садот во кој ќе матите ставете одделените 2-две белки и матете во цврст снег, стално мешајки додадете издвоените две жолчки, кога ке се спојат додадете го зејтинот. Додадете го штотуку пресеаното брашно, со шпатула, лажица или жица за матење нежно измешајте да се спои, додадете издвоената 1/2 од обарениот спанаќ. Измешајте и истурете во модлата, ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, нека се пече околу 8-10 мин. Извадете ја печената кора од модлата, префрлете на решетка за да се лади, тргнете ја хартијата за печење.
- Истата постапка повторете ја уште еднаш.
Значи веке имаме две кори со спанаќ.

Жолта кора
- Повторете ја истата постапка со тоа што овде нема да ставите спанаќ.
Додека се ладат корите, спремете го филот.

фил
- Исецкајте ја ситно шунката која сте ја одбрале за оваа солена торта.
- Киселата павлака и крем сирењето со миксер лесно измашајте ги, додадете ја шунката, пробајте - доколку сметате дека треба сол - осолете на вкус. Поделете го на три еднакви дела.

Оформување

- На подлогата во која ке стои тортата ставете ја прво зелената кора, ставете ја 1/3 од филот - израмнете, врз него ставете ја жолтата кора - врз неа втората 1/3 од филот, поклопете со зелената кора. Намачкајте ја и оваа кора со останатата 1/3 од филот.
Оставете ја да одстои 24 часа во фрижидер.

- За декорацијата измешајте ги состојките и од страните премачкајте ја и одозгора декорирајте како вие ке посакате во моментот. Може многу убаво да се декорира доколку имате многу нешта при рака... поле за работа на неа има.
ЗАБЕЛЕШКА
- Мора да се потрудите да навистина подебелите жили бидат одстранети од листовите на спанаќот за да полесно изблендирате - знаат да направат проблем доколку ги оставите - да не ве понесе мислата дека ке биде обарен и лесно ке е - не, прават проблем. Наместо да блендирате можете и да ситно го исецкате.
- Оваа торта е најлесно да ја филувате на подлогата во која ке стои... откако ке ја премачкате и последната кора, вратете го прстенот од модлата и закопчајте го повторно околу тортата - ставете во фрижидер да одстои 24 часа. Потребно е да одстои за да корите ја впијат целата влажност од филот за кој ке ви се чини дека е реток - не плашете се... затоа ке имате супер сочни кори. Наредниот ден откопчајте го прстенот... доофрмете ја така што ке ги исфилувате страните на тортата и со остатокот од филот декорирајте. Верувам дека вашата машта ке направи свашта....
- Забележав дека го има оној Сремски сир.. наместо крем сирење можете и него да го искористите за филот мешајки го со павлаката, а кога за прв пат ја правев оваа торта во друга форма - немав поима што е тоа крем сирење...онака си помислив дека може да се спои со мека кремаста урда... супер беше и така... Значи - ви предложив и алтернатива доколку немате крем сирење или си немате направено (нели ставив овде рецепт и за него).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани