
11
јан
2016
Солена мека погача
Прво во млакото млеко се ставаата шеќерот, квасецот и малку брашно.
Нека се активира па се додаваат маста, солта и брашното. Тестото ќе биде намеко замесено.
Се покрива и нека кисни 30 минути.
Потоа со намрсени раце се става тестото во плех бр 22, може и округла силиконска тава на делимано. Нежно краевите малку се подкреваат.
Во сад се соединуваат состојките за фил.
Се става филот и се печи на 200 степени околу 25 минути.
Се сервира со чаша јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани