Сникерс коцки (без печење)
1. Прв слој- бадемите ги ставаме во блендер, ги ситниме како брашно. Ги додаваме овесните снегулки, блендираме. Смесата ја ставаме во длаб сад, го додаваме кокосовото масло и медот. Промешуваме. Во правоаголен сад со димензии 22х 14 цм , обложен со хартија за печење ја ставаме смесата, ја распределуваме подеднакво со лажица и притискаме за да се стегне. Садот го ставаме во замрзнувач.
2. Втор слој- урмите, медот и млекото ги ставаме во блендер, блендираме да се добие хомогена смеса. Смесата ја ставаме врз првиот слој. Кикиритките ги ситниме на покрупни парченца и ги ставаме врз вториот слој, со лажица лесно ги притискаме за да навлезат во слојот. Садот го ставаме во замрзнувач.
3. Трет слој- во длабок сад ги ставаме какаото, медот, млекото и кокосовото масло. Мешаме со жица за матење да се добие хомогена смеса. Преливот го ставаме врз вториот слој. Украсуваме со мелени кикиритки. Оставаме во замрзнувач да се стегне неколку часа.
Лиценца: Сите права се задржани