1. Во еден сад се става путерот заедно со шеќерот и ванилата и се мати да се соедини.
2. На смесата се додава јајцето и се мати одново да се соедини.
3. Се додава брашното и пецивото и се замесува тестото.
4. Кикириките се мелат јадро и се додаваат во тестото и се замшеува да се соедини.
5. Од смесата за бисквити се прават топчиња и се ваклаат во претходно мелените јадро кикиритки.
6. Така подготвени топчињата се ставаат во тавичка со хартија за печење и се става во замрзнувач за 10 минути да стегнат.
7. Топчињата се притискаат за да добијат по плоска форма, се печат на 180 степени во загреана рерна.
8. Чоколадото се растопува и се става во најлонче или хартиен фишек и се сечи врвот и се прави декорацијата.
9.Како со чоколадото, така се процедира и со солениот карамел 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови