22
дек
2013
Снешковци од варени јајца
Јајцата ги вариме. Тоа што ќе биде тело на снешкото го засекуваме малку долу за да може да стои. Одозгора со сташче го закачуваме другото јајце. Ставаме очи, нос, копчиња од сечкани маслинки и уста од морков. Со стапче закачуваме капа од исечкан морков. Гранчињата брокула ги ставаме наместо раце.
Декорираме со павлака како замена за снег.
Подобро би било главата да е од помало јајце на пример од препелица, ама јас немав моментално па и вака беше огромна радост за детето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови