Снежна салата (Снежни топки)
Зима е нели, иако нема снег, но оваа салата со право може да си го носи името Снежни топки.
- Од туршија извадете морков и изрендајте. Доколку не го сакате тој вкус во компир салата тогаш сварете и изрендајте или ситно исецкајте.
- Исецкајте или изрендајте ги и киселите краставички.
- Исецкајте ситно или изрендајте ги тврдо сварените јајца.
- Исецкајте или изрендајте го сирењето.
- Сварениот компир излупете додека е топол, низ преса стиснете го или на ренде изрендајте го, додека е топол во него ставете го од вас изберено маргарин или путер и измешајте да се стопи. Во него додадете ги сите претходно наведени состојки, осолете на вкус. Направете топчиња во саканата големина.
Сос
- Во киселото млеко додадете сол на вкус, низ преса стиснат лук или толчен, во крајна линија ситно сецкан и со вилушка добро разматете го.
- Во тањирот во кој ќе ја поставите салатата прво ставете како подлога малку од сосот, врз него наредете топчињата од компирот, залијте ги со остатокот од сосот. Поросете со бибер, копар, мајоран. буковец и зачинки кои зависат исклучиво од вас дали ги сакате.
- Оставете да се олади и да се спојат вкусовите, а потоа уживајте.
Лиценца: Сите права се задржани