Вкусно, едноставно и хранливо смути. Бананите и мандарините покрај другите состојки содржат витамин Ц и калиум, и ги прави одлични и за децата и за нас возрасните, помагајќи за зајакнување на имунитетот. Крушите се хипоалергенски, тоа значи дека е малку веројатно дека тие можат да предизвикат алергиски реакции.

Подготовка

1. Се сецка бананата на мали парчиња. Крушите измијте ги убаво и исечете ги на половина. Исечете го делот со семките и дршките. Ако сакате не мора да ги лупите (по желба).
2. Мандарините исто така ги лупиме и ги ставаме во чашката од Нутрибулетот. Вообичаено скоро во секое смути се додава течна состојка.  Jас додадов вода, бидејќи има неутрален вкус и нема дополнителни калории. Со самото тоа таа е најдобар извор за хидрирање. Блендираме до хомогенизирање.
Послужуваме веднаш.

Забелешка - Како засладувач не додадов ништо, овошјето кое го употребив беше доволно зрело и благо.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани