9
авг
2017
Ароматично смути со праски и круши
Навистина освежително и ароматично смути.
Сите состојки ги ставаме во чашката од Нутрибулет и блендираме. Вода доставаме по потреба, зависи колку ќе излезе густо смутито. Декорираме со парчиња праски и листови нане. Медот го ставате по потреба или по желба. Ако ви е слатко овошјето па и немате потреба од додаток. Јас ставам затоа што децава сакаат да им биде поблаго.