29
мар
2012
Слатко од кора од лубеница
Корупките ги миеме и чистиме од зелената кора. Сечкаме на ситни коцки. Ставаме да се вари во тенџере, тураме вода околу два прста над корупките ги додаваме оцетот и лимонтосите и вариме два часа. Кога ќе се свари се цеди и плакнеме 3 до 4 пати.
Во друго тенџере спремаме шербет
750 грам авода и 3 килограми шеќер вариме околу 5 минути.
Потоа во шербетот ги тураме сварените и исцедени корупки и вариме додека се згусти шеќерот.
Кога ќе се извади од оган се тура сувото грозје и лимонот исечкан на парчиња, се покрива со влажна крпа и се собира во тегли изладено.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови