Слатко од вишни
Најпрво се мијат вишните, се мерат, па се чистат од семките. Потоа во поголемо тенџере или шерпа, во зависност од тоа колку имате вишни, се реди - ред вишни, ред шеќер, се завршува со шеќер. Вака подготвените вишни се оставаат преку ноќ да пуштат сок.
Наредниот ден тенџерето со вишните го ставаме на оган на најсилна температура, а штом зовријат се намалува температурата и продолжуваме да вариме уште 40 мин. Слаткото е готово кога ќе добие густина поретка од мед. Провевете дали е готово со капка од слаткото на нокт, ако не паѓа, готово е. За време на варењето вишните не треба да се мешаат, туку само да се протресе тенџерето неколку пати и да се собере пената што излегува на површината.
Од кога ќе се свари слаткото, се зема една кујнска крпа, се водени и добро се цеди. Со оваа крпа се покрива тенџерето од сите страни и оставаме добро да се излади слаткото. Изладеното слатко го збираме во чисти и ладни тегли и затвораме.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
супер е слатково :)