Се приготвува прво маринадата.
Во стаклен сад ставаме балсамико оцетот, сенфот медот, малку мелен ѓумбир, а потоа и црвениот лут и благ пипер.
Во маринадата ги додаваме копанчињата и ги посолуваме.
Наросуваме и мелен црн бибер.
Ги мешаме убаво со рака.
Ги затвараме со најлонска фолија и ги оставаме еден час.
Кога се маринирани ги вадиме и ги ставаме на решетка да се исцедат убаво од маринадата.
Откако се исцедени ги ставаме во рерна да се печат на средна температура.
После 15 до 20 минути кога се веќе печени на едната страна ќе ги превртиме и ќе ги ставиме да се печат и од другата страна.
По 20 минути кога и од другата страна се готови ги вадиме од рерна.
Служиме со помфрит и сосови.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови