
27
мар
2013
Слатко задоволство
Белките ги матиме со миксер и го додаваме шеќерот да добиеме цврст шлаг. Потоа постепено ги додаваме жолчките една по една и повторно матиме да добиеме еднолична смеса. Брашното го промешуваме со пецивото и го додаваме во смесата матиме со жица. Смесата ја ставаме со кеса или шприц и правиме форми во тепсија со хартија за печење.
Печеме 5 минути на 200 степени.
Пудингот го вариме со млекото, кога ќе се олади го матиме со маргаринот, од него половина може да остане жолт, а половина кафеав со помош на чоколадото. Додека се топли колачите ги филуваме и лепиме по две како сендвич. Украсуваме по желба.
На здравје!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови