Подготовка:

1. Во топлото млеко ставаме квасец, шеќер, брашно. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка ги спојуваме сите состојки, промешуваме и постепено додаваме брашно.
Замесуваме средно меко тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.
3. Од стасаното тесто формираме 8 топки. Секое топче го расукуваме во правоаголна кора. Танко го премачкуваме со маст или путер. Расфрламе суво грозје и брусница, виткаме ролат. Го сечиме по должина. Двете траки ги преплетуваме. Формираме венче.
4. Вака подготвени ги оставме на топло 20 минути, ги премачкуваме со изматено јајце и ги печеиме во загреана рерна да заруменат. Оставаме да се изладат па ги послужуваме. Во срединаат може да се стави и велигденско јајце.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани