На тивок оган во касерола ги ставаме да се соединат млекото, шеќерот, путерот и чоколадото.
Тргаме од оган и додаваме рум.
Промешуваме.
Ги додаваме мелените бисквити, сецканите ореви по должина и кршените бисквити. Не мора сите оддеднаш, ќе видите колку ќе ви побара смесата, во зависност дали ќе се користат посни или мрсни бисквити.
Убаво се соединуваме.
Формираме салама, која ја оставаме во фрижидер да се стегни.
Потоа ја валкаме во шеќер во прав.
Сечеме парчиња и послужуваме.