Слатка векна
1. Во топло млеко ставаме квасец, шеќер, лажиче брашно. Промешуваме и оставаме на страна.
2. Од кога е активиран квасецот, го ставаме во вангличка. Додаваме јајце, сол, ванила, цимет, махлеб, сол, свинска маст, шеќер, кисела вода и промешуваме со вилушка. Додаваме брашно и замесуваме средно меко тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.
3. Потоа го расукуваме во кора, која ја премачкуваме со мармалад. Виткаме ролат. Го поставуваме во долгнавест калап за леб.
4. Го оставаме да кисне 30 минути. Го премачкуваме со изматено јајце, наросуваме афион и печеме во загреана релна околу 30 минути.
5. Ја вадиме векната на решетка да се излади, па сечеме на парчиња и послужуваме со млеко, какао, кафе..
Лиценца: Сите права се задржани