Испечати

Слатка векна

Слатка векна

Состојки

  • 20 гр свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче брашно
  • 110 мл топло млеко
  • 2-3лажици шеќер
  • 1 лажица растопена свинска маст
  • 1 ванила
  • Цимет, махлеб, сол, по малку од. Се
  • 1 јајце
  • 80 мл кисела вода
  • Околу 400гр брашно
  • За полнење, мармалад од сливи
  • Јајце и афион за одозгора

Подготовка

1. Во топло млеко ставаме квасец, шеќер, лажиче брашно. Промешуваме и оставаме на страна.

2. Од кога е активиран квасецот, го ставаме во вангличка. Додаваме јајце, сол, ванила, цимет, махлеб, сол, свинска маст, шеќер, кисела вода и промешуваме со вилушка. Додаваме брашно и замесуваме средно меко тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.

3. Потоа го расукуваме во кора, која ја премачкуваме со мармалад. Виткаме ролат. Го поставуваме во долгнавест калап за леб.

4. Го оставаме да кисне 30 минути. Го премачкуваме со изматено јајце, наросуваме афион и печеме во загреана релна околу 30 минути.

5. Ја вадиме векната на решетка да се излади, па сечеме на парчиња и послужуваме со млеко, какао, кафе..