Слаткарски Крем (со жолчки)
Ми останаа 3 жолчки од кајмаците (плус додадов уште една), па се одлучив да ги претворам во вкусен крем, кој може да послужи за многу намени, на пример за еклери, како полнеж на крофни, со додатоци по вкус може да се искористи и како фил за торта, но во случајов послужи како заблажување со лажичка.
Подготовка:
1. Во сад на пареа ставаме 400мл од млекото, на средна температура, да се загрее до пред вриење.
2. Сега (не порано, за да не се згрутчи смесата) во друг сад ги соединуваме жолчките, шеќерот, густинот и 100 мл од млекото, добро ги разматуваме со рачна маталка (внимавајќи да нема грутчиња).
3. Потоа постепено го додаваме млекото кај смесата со жолчките со непрекинато мешање. Откако добро сме ги измешале млекото со смесата со жолчки, добиената мешавина ја враќаме во садот на пареа каде што го загревавме млекото.
4. Кремот го вариме на умерена температура со непрекинато мешање, до негово згуснување. Кога ќе биде готов кремот, тргаме настрана, го додаваме екстрактот од ванила и путерот, мешаме да се стопи.
5. Кремот го префрламе во друг сад и покриваме со стреч фолија, за да не се направи кора. Нека се олади прво на собна температура, па потоа кремот го ставаме во фрижидер на ладење (барем 2 часа).
*Забелешка - Доколку случајно ви се направат грутчиња, тогаш топлиот крем поминете го низ цедалка, кога ќе го префрлате во друг сад, за да се лади.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани