1. 300 гр од бисквитите ги мелиме. Путерот го топиме и го додаваме во бисквитите. Исто така во бисквитите ја додаваме течноста од слаткото. Промешуваме. Еден ред од чоколадото го топиме и го додаваме во бисквитите. Смесата ја ставаме на дното на округлест калап за торта чиј обрач се вади. Го ставаме во замрзнувач да се стегне.
2. Слатката павлака ја ставаме во сад на тивок оган. Кога ќе се загрее го додаваме чоколадото исецкано на ситни парчиња. Мешаме додека не се растопи чоколадото и смесата не се згусни. Ја тргаме на страна малку да се олади.
3. Половина од чоколадната смеса ја ставаме врз подлогата од бисквити.
4. Околу 100 гр бисквити ги сечиме на половина, ги ставаме вертикално по ѕидот на калапот. Калапот го ставаме во замрзнувач. Сладоледот го оставаме на собна температура да малку да се растопи.
5. Откако ќе се стегни чоколадната смеса го ставаме сладоледот и тортата повторно ја ставаме во замрзнувач.
6. Најгоре ја тураме половина од чоколадната смеса која ни остана и тортата ја враќаме во замрзнувач да стои до послужување.

Забелешка - во подлогата од бисквити јас следен пат би ставила и јагоди од слаткото испасирани со виљушка

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани