Лесен, вкусен летен колач.

Подготовка:

1. Најпрво испечете го кексот. Измешајте ги сувите состојки, па додајте ги течните. Убаво измешајте со маталка, миксер не ви е потребен.
2. Печете во правоаголна тава, која претходно сте ја намрсиле и набрашниле, на 180 степени,  дваесетина минути. Проверете со чепкалка.
3. Откако ќе се излади, со врвот на сукалото направете дупки во тестото. За кремот изматете ја слатката павлака, па додајте го кондензираното млеко. Убаво измешајте и прелијте ја смесата врз кексот. Затресете ја тавата, за да се наполнат дупките. Ставете ја во замрзнувач, отприлика три часа.
4. Изматете ја кесичката шлаг, по упатството на опаковката и премачкајте го колачот.
Украсете го одозгора по желба и прелијте го со карамел сос.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови