Тапиока - многу рецепти од неа и со неа. Овој пат замесив ситно пециво со скробно брашно кое се добива од од коренот на билката Маниока која е по потекло од Бразил. Употребата на Тапиоката е популарна скоро секаде. Ја има и во перли, а на моја радост имам и брашно и перли. Би сакала да ја имате и вие за да пробате било кој рецепт од неа, било да се пудинзите од перлите, напитоците исто така, како и сите пецива со неа, а особено ми се допадна Чипсот од ова брашно, за кое верувам дека и за него ќе поставам рецепт. Се користи за згуснување на чорбестите јадења, припремата на пудинзите, слатките десерти, сосови, но да не должам и да се правам овде сезнајко, еве како ги спремив сегашниве пецива.
Постапка
- Јајцето, сирењето (младо) и растопениот и оладен путер се мешаат.
- Измашајте ги двата вида на брашно, пецивото и солта, во него додадете ја претходно добиената смеса, замесете тестото, од него направете топчиња, наредете на тавата и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20-25 мин.
Послужете ги толи или ладни. Најповеке одговараат со некој вид на сос, но јас ги послужив со чај од Брусница во кој веке ставив и перли од тапиока, засладен со Агава сируп.
Чајот се спрема така што со 500 мл. вода се зоврива, се заливаат 2 филтер кесички чај од брусницата, додавате 2 лажици перли од тапиока и нека одстои околу 5 мин. засладете со сирупот... друго немам што да ви кажам освен да ви речам-Нека ви е вкусно!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани