За Тапиоката ништо не знаев, најмалку пак да направам нешто од неа. Благодарејки на дружбите со кулинарските сајтови, сега солидно знам за што се работи.
Од поситните перли на тапиоката го спремив овој десерт, а рецептот е од членка на коолинариката - Смиле..
 
- Во млекото ставете ја тапиоката и оставете да стои во неа околу 1-1/2 час.
- Ставете ја касеролата со млекото и тапиоката на оган, додадете го шеќерот и ванилата - кога ќе почне да врие намалете ја температурата на ринглата, нека се вари на сосема тивко се додека перлите не станат прозирни. Тргнете од огнот, ствете настрана и нека постои, но пробркувајте ја.
Потоа распоредете во садчиња во кои ќе си одберете да послужите, залијте со преливот.
Забелешка
- Кај мене е залиена со желе од капини кое го правев летото...
- Можете со било што да залиете, да испасирате вишни и да ги сварите со малку шеќер, да ставите слатко, џем, мармалад, само предходно загрејте како би можеле полесно да го налиете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани