Ситни колачи со јаболка
Јаболката се рендаат и се ставаат во тенџере на оган заедно со шеќерот и мешаме додека не испари течноста,потоа го додаваме и маргаринот и мешаме додека не се растопи.
Откако ќе се растопи маргаринот ги додаваме ванилиниот шеќер,бисквитите, оревите, кокосовото брашно и мешаме додека смесата не се соедини
Го тргаме тенџерето од оган оставаме смесата да се излади
Чоколадото го растопуваме и со четка ги премачкуваме калапчињата со подебел слој чоколадо оставаме да се стегнат во фрижидер и потоа полниме со смесата од јаболка и покриваме повторно со чоколадо, или правиме бомбици кои ги премачкуваме со ратопеното чоколадо
Овие ситни колачи се исто вкусни и не чоколадирани- само што така повеќе се сушат и имаат сува коричка
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови