Испечати

Ситни колачи со јаболка

Ситни колачи со јаболка

Состојки

  • 400 гр рендани јаболка
  • 100 гр кокос
  • 50 гр мелени ореви
  • 150 гр мелени шпекулос бисквити (можи и обични само додадете 1 лажиче цимет)
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 5 лажици шеќер
  • 80 гр маргарин
  • 100 гр бело чоколадо за готвење
  • 100 гр црно чоколадо за готвење

Подготовка

Јаболката се рендаат и се ставаат во тенџере на оган заедно со шеќерот и мешаме додека не испари течноста,потоа го додаваме и маргаринот и мешаме додека не се растопи.
Откако ќе се растопи маргаринот ги додаваме ванилиниот шеќер,бисквитите, оревите, кокосовото брашно и мешаме додека смесата не се соедини
Го тргаме тенџерето од оган оставаме смесата да се излади
Чоколадото го растопуваме и со четка ги премачкуваме калапчињата со подебел слој чоколадо оставаме да се стегнат во фрижидер и потоа полниме со смесата од јаболка и покриваме повторно со чоколадо, или правиме бомбици кои ги премачкуваме со ратопеното чоколадо
Овие ситни колачи се исто вкусни и не чоколадирани- само што така повеќе се сушат и имаат сува коричка