Сендвич - Трите прасенца
Трите весели прасенца, секогаш интересен доручек на дечките.
- Исечете три парчиња леб и со округла модла вадате кругови
- Со истата модла исечете од сувомеснатото кое вие ќе го изберете
- Со истата модла исечете и кашкавалот
- Секое парче леб намачкајте го со путерот, врз него ставете парче кашкавал, доколку сакате врз кашкавалот ставете кечап, врз него ставете од сувомеснатото исечено кое веќе сте го оформиле ставајки му ги ушите, муцката, со цевчето од соковите направете ги очите, ставете малку кечап колку да се обележат и тоа е тоа - послужете.
Ова е од категоријата на веселите сендвичи.
Направете толку колку што мислите дека кќе можат да изедат децата и нормално - колку ќе се на број зависи и од бројноста на присутните. Одлични се и како канапеи на детските забави само во малку помала форма.
Лиценца: Сите права се задржани
edna od prikaznite sto mozebi sum ja kazala na zaspivanje mal milion pati.Interesna dekoracija a sega i malku sega.Za eden rodenden na decinjava imav napraveno salata vo oblik na prasenca i se razvi edna opsta smea koj ke kasne od curinkata a koj od opavceto..Sega ti ubavo mi navrati spomeni-ubavi spomeni.Jas bi po malku i od temelko i od busavko :)i