16
фев
2016
Свинско со ѓумбир и соја сос
Месото исечете го на мали коцки.
Посолете го, наросете црн бибер и измешајте го со сенфот.
Во тава на оган ставете малку масло и додајте го месото.
Откако ќе се запржи налејте го виното и оставете на тивко додека виното испари.
Потоа додајте го сусамовото масло, соја сосот, ворчестер сосот, ѓумбирот и малку вода.
Оставете го да се готви на среден оган.
При крај додајте го ситно сецканиот праз.
Оставете на оган уште малку, колку празот да омекне.
Во друга тава на малку маслиново масло испржете ги шампињоните исечени на четвртинки.
Сервирајте го месото со свежиот зеленчук (радикио, зелен дел од празот,морков, карфиол, магдонос), вареното цвекло и испржените шампињони.
Лиценца: Сите права се задржани