Испечати

Свинско со ѓумбир и соја сос

Свинско со ѓумбир и соја сос

Состојки

  • 450гр. свинска кртина
  • 2 лажици сенф
  • 100мл. црвено вино
  • 4 лажици соја сос
  • 1 лажица ворчестер сос
  • 1 лажица сецкан свеж ѓумбир
  • 1/2 страк праз
  • 2 лажици сусамово масло
  • по потреба топла вода
  • по потреба масло, сол, црн бибер
  • Други состојки
  • неколку листови радикио
  • малку праз(само зелениот дел), варено цвекло, свеж карфиол, магдонос, морков
  • 250гр. свежи шампињони

Подготовка

Месото исечете го на мали коцки.
Посолете го, наросете црн бибер и измешајте го со сенфот.
Во тава на оган ставете малку масло и додајте го месото.
Откако ќе се запржи налејте го виното и оставете на тивко додека виното испари.
Потоа додајте го сусамовото масло, соја сосот, ворчестер сосот, ѓумбирот и малку вода.

Оставете го да се готви на среден оган.
При крај додајте го ситно сецканиот праз.
Оставете на оган уште малку, колку празот да омекне.

Во друга тава на малку маслиново масло испржете ги шампињоните исечени на четвртинки.

Сервирајте го месото со свежиот зеленчук (радикио, зелен дел од празот,морков, карфиол, магдонос), вареното цвекло и испржените шампињони.