Свинско месо со свежи печурки и бело вино
Напрво месото го сечеме на помали парчиња и го ставаме во тенџере на оган убаво да се извари. Во друга тава го пропржуваме веќе исецканиот кромид. Половина од печурките ги сецкаме и ги пропржуваме заедно со кромидот.
Месото, печурките, кромидот ги ставаме во земјена тава, се додава малку вода, зачините, јас додадов малку сув магдонос, домашен мешан сув зачин, го додаваме црвениот буковец, виното, ја покриваме тавата со алуминиумска фолија и така околу 30на минути ја ставаме тавата да вари во загреана рерна. После 30на минути ја тргаме фолијата, и оставаме малку да се потпечи месото.
Остатокот од целите печурки малку ги пропржуваме на малку масло.
Декорираме со магдонос.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови