Сарма со димени колбаси
Сарма во поинакво издание би рекла =)
Изберете убави меснати домашни колбаси, што позачинети тоа подобро.
1. Прво испржете ги парчињата колбаси па многу ситно исецкајте ги и тргнете на страна. Во сад на оган ставете го ситно сецканиот праз да се пржи и додадете го протиснатото лукче. Кога убаво ќе продинста додадете го оризот и пржете кратко. Потоа додадете ги и сецканите колбаси и убаво измешајте да се соедини. Од зачини употребив само мајчина душичка и малку бибер затоа што колбасите беа доволно солени и малку лути. Додадете го и црвениот пипер, промешајте и тргнете од оган.
2. Во пекачот/садот во кој ќе редите ставете малку зејтин и наредете ситно сецкана кисела зелка и 1 ловоров лист. Потоа од листовите зелка виткајте сарми и редете.
Од наведените количини ми испаднаа 2 реда, измеѓу редовите има повторно ловоров лист.
3. Во сад на оган ставете поголемо количество вода да се загрее, додадете ја коцката за супа и оставете да зоврие. Потоа претурете ја во пекачот целосно да ги покрие сармите и ставете во претходно загреана рерна да се крчка. Еден час на 220С, а потоа намалете на 180С и оставете уште час до час и половина.
Пред крај во тава на оган загрејте малку зејтин, запржете ја сармата и оставете откриена да се запече од горе.
Послужете топла со домашно лепче и уживајте =)
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани