Оваа посна салата е една нашите омилени. Кога е посно, ја спремаме со посен, кога не е, со обичен мајонез. Некогаш користиме и некој зачинет мајонез.

Подготовка:
1. Шкампите обично ги земам готови спремани, во мала паковка од 200 гр. Ги помешувам со мајонезот, па им додавам пасирано или ситно сечкано лукче. Копарот овде е неизбежен и за декорација и во составот. Наросувам мешан бибер во зрна,тој е омилениот зачин на мојата ќерка. Сето тоа убаво го промешувам.
2. Полнам во чиниja и декорирам со зрна мешан бибер и копар. Од мене имате и по една чашка узо,нека се сврзе со салатата. 
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови