Салата со шкампи и мајонез
Состојки
- 200 гр шкампи
- 200гр посен мајонез ( мала тегла)
- 1лажичка копар
- 1лажиче мешан бибер во зрна
- 1/4лажиче мелен црн бибер
- 3чешниња лук
Подготовка
Оваа посна салата е една нашите омилени. Кога е посно, ја спремаме со посен, кога не е, со обичен мајонез. Некогаш користиме и некој зачинет мајонез.
Подготовка:
1. Шкампите обично ги земам готови спремани, во мала паковка од 200 гр. Ги помешувам со мајонезот, па им додавам пасирано или ситно сечкано лукче. Копарот овде е неизбежен и за декорација и во составот. Наросувам мешан бибер во зрна,тој е омилениот зачин на мојата ќерка. Сето тоа убаво го промешувам.
2. Полнам во чиниja и декорирам со зрна мешан бибер и копар. Од мене имате и по една чашка узо,нека се сврзе со салатата.
На здравје