Велат дека вака спреманата салата е оригиналот кој претрпел промени кои се состојат во тоа што некој додава пилешко варено месо, грозје, кисела павлака измешана со слатка павлака.... сум ги пробувала и ваквите, но одлучив да ги поставам рецептот за кој велат дека е оригиналот.
- Изрендајте го целерот, киселите јаболка насецкајте на коцки, исцедете го врз нив лимоновиот сок, додадете го мајонезот и измешајте добро. Додадете ги и толчените ореви. Посолете на вкус.
Многу лесна и вкусна салата, за топлите денови особено освежителна.
Се сервира врз зелени листови.
Напомена
Мајонезот можете количински да го намалите или зголемите, зависи како сакате да ја јадете оваа салата.
Некој вели дека ако се приготвува само од стебленцата на целерот не била толку ароматна. Јас ја правам и со стебленцата и со коренот, нема разлика, а должна сум да ви кажам дека воопшто не се чувствува оној остар мирис на целерот. Напротив, многу пријатен вкус. Кога и да ја правам подвоено ги спремам од стеблото и од коренот.(имате дополнителна фотографија како изгледа од стеблото)
Совет мој е направете онолку колку што ќе изедете. Наредниот ден јаболкото го пушта својот сок - не дека не е добра за јадење, еве вака едноставно можеби некој нема да сака така да изгледа. И да ми остане малку, јас повторно ја измешам и пак е компактна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани