Малку поинаква, но многу вкусна салата.
Ова е базата на оваа салата во која може да се додадат мелени ореви, семки од сончоглед, тиква....кубети....
Ако се изостави сирењето може да биде и посна.
Прво пченицата ја вариме и ја оставаме во цедалка убаво да се исцеди.
Ако има потреба ја завиткуваме во чиста кујнска крпа да се упие вишокот на течност.
Во еден сад ги соединуваме пченицата, црвената зелка и зелената зелка.
Промешуваме.
Одозгора го нанесуваме подготвениот дресинг.
Односно во еден сад ги соединуваме маслото, солтта, биберот, оцетот, медот.
Сервираме во тајнир, расфрламе коцки сирење и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани