Салата со пченица и зелка (посно)
Состојки
- 3-4 лажици варена пченица
- 100гр зелена, сецкана зелка
- 100гр црвена, сецкана зелка
- 80гр сирење
- дресинг
- 1/4 лажиче мед
- 2 лажици јаболков оцет
- 1-2 лажици маслиново масло
- 1/2 лажиче сол
- 1/4 лажиче бибер
Подготовка
Малку поинаква, но многу вкусна салата.
Ова е базата на оваа салата во која може да се додадат мелени ореви, семки од сончоглед, тиква....кубети....
Ако се изостави сирењето може да биде и посна.
Прво пченицата ја вариме и ја оставаме во цедалка убаво да се исцеди.
Ако има потреба ја завиткуваме во чиста кујнска крпа да се упие вишокот на течност.
Во еден сад ги соединуваме пченицата, црвената зелка и зелената зелка.
Промешуваме.
Одозгора го нанесуваме подготвениот дресинг.
Односно во еден сад ги соединуваме маслото, солтта, биберот, оцетот, медот.
Сервираме во тајнир, расфрламе коцки сирење и послужуваме.