
7
авг
2020
Салата со диња
Најпрво пригответе го дресингот така што ќе ги измешате ренданиот ѓумбир, сокот од лимонот и медот,
- Дињата исечете ја во форма и големина по ваш избор. Јас сечев на помали коцки, исто така и сирењето, измешајте..
- Зелената салата исечете или искинете, додадете во неа руколата, поставете на тањирите, попрскајте со маслото и малку сол и бибер. Врз неа ставете ги измешаните коцки од диња, сирењето и капините... залијте со дресингот - нека одлежи малку во фрижидер за да се спојат вкусовите...
Напомена
Не мора да бидат капини, кога нема - боровинките исто така одлични.
Лиценца: Сите права се задржани