Испечати

Салата со диња

Салата со диња

Состојки

  • 1/2 од помала диња
  • по 1 шака од зелена салата и рукола
  • 80 гр. фета сирење
  • 1 чаша капини
  • 1 лажица екстра девичанско маслиново масло
  • Дресинг
  • 2 лажици мед
  • 2 лажички рендан гумбир
  • по прстофат сол и свежо мелен бибер
  • 1 лажичка сок од лимон

Подготовка

Најпрво пригответе го дресингот така што ќе ги измешате ренданиот ѓумбир, сокот од лимонот и медот,
- Дињата исечете ја во форма и големина по ваш избор. Јас сечев на помали коцки, исто така и сирењето, измешајте..
- Зелената салата исечете или искинете, додадете во неа руколата, поставете на тањирите, попрскајте со маслото и малку сол и бибер. Врз неа ставете ги измешаните коцки од диња, сирењето и капините... залијте со дресингот - нека одлежи малку во фрижидер за да се спојат вкусовите...
Напомена
Не мора да бидат капини, кога нема - боровинките исто така одлични.