1
мар
2013
Салата со буковки и наут
Буковките претходно зачинети со зачин и малку масло испечете ги на скара или на тостер. Наутот може сами да го сварите или да користите готов од конзерва. Кинеската зелка убаво измиена исечете ја на парчиња, посолете ја, додадете го наутот и полијте ја салатата со маслото од макадамија и маслиновото, додадете го соја сосот и балзамираниот оцет. Нарендајте многу малку од свежиот ѓумбир. На крај врз салатата додадете ги потпечените буковки, исечениот кашкавал на коцки и наросете со пармезан. Добар Апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови