Не знаев како да го крстам овој рецепт, освен како салата. Ми ја кажа вујна ми, ја направив, и стои со денови во фрижидер, колку подолго стои, толку е повкусна. Пред ручек по малку со ракиче, мерак мезе. Од оваа доза излегува полна голема кутија од 2 литри сладолед.

1. Урдата ја посолуваме и ја мешаме со сечканите ореви. Пиперките ги сечеме попречно на два, три или четири дела зависи колку се големи (долги). Моите беа средна големина па ги сечев на три. Претходно им се вадат дршките и семето. Со придржување на дното со раката, ги полниме сите со урдата.
2. На дното од кутијата намачкуваме павлака. Ги редиме пиперките, па преку нив убаво истураме павлака и ја размачкуваме да влезе измеѓу. Редиме и втор ред пиперки и завршуваме со павлака. најгоре оревчињата кои ми останаа ги измешав со малку павлака и ги распоредив над се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови