12
фев
2021
Салата од свежо цвекло и јаболко
Салатава случајно настана, но ме воодушеви со својот вкус.
Пробајте ја .
1. Прво го рендаме на крупната страна на рендето излупеното јаболко. Го ставаме во сад. Ги рендаме и малите главички цвекло. И нив ги додаваме во садот. Додаваме балсамико оцет, по желба сол и бибер.
2. Додаваме кисела павлака и убаво ја соединуваме смесата. Сервираме во сад, посипуваме врз неа крупно сецкани ореви.
Сервираме
Лиценца: Сите права се задржани