Испечати

Салата од свежо цвекло и јаболко

Салата од свежо цвекло и јаболко

Состојки

  • 1 домашно слатко кисело јаболко, поголемо
  • 2 главички цвекло, околу 200 гр
  • 2 лажици балсамико оцет
  • 200-250 гр кисела павлака
  • 1 рака сецкан орев
  • сол и бибер по вкус

Подготовка

Салатава случајно настана, но ме воодушеви со својот вкус.
Пробајте ја .
1. Прво го рендаме на крупната страна на рендето излупеното јаболко. Го ставаме во сад. Ги рендаме и малите главички цвекло. И нив ги додаваме во садот. Додаваме балсамико оцет, по желба сол и бибер.
2. Додаваме кисела павлака и убаво ја соединуваме смесата. Сервираме во сад, посипуваме врз неа крупно сецкани ореви.
Сервираме