Прво го лупиме јаболкото, го сецкаме на коцки и го попрскуваме со сок од лимон за да не потемни.
Тука ги додаваме танко сечените листови ротквица.
Во садот каде ќе сервираме ставаме ситно сецкани листови млад спанаќ, па од подготвените и соединети јаболко и ротквица и крупно сечкани ореви.
Сега во еден сад ги соединуваме исцедената краставица, киселата павлака, сол, бибер и масло.
Ставаме од преливот.
Постапката ја повторуваме уште еднаш.
На врвот на салата нежно наросуваме свежо мелен бибер.
Сервираме со печено лепче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани