Во сад измешајте ги сувите состојки.
Додајте го млекото и маслото и замесете тесто.

Земајте по малку од тестото и формирајте топчиња.
Секое топче расукајте го малку во должина.
На средината ставете мармалад.

Преклопете на половина како панцерота.
Потоа со раце внимателно оформете полумесечинки.

Наредете ги во плех и посипете со малку кафеав шеќер.

Печете на 190 степени додека поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани