Испечати

Рустични полумесечинки (посно)

Рустични полумесечинки (посно)

Состојки

  • 250гр. брашно
  • 80гр. шеќер
  • 80мл. оризово млеко
  • 75мл. масло
  • 1 лажичка пециво
  • За полнење
  • по потреба мармалад од шумско овошје(или по ваш вкус)
  • За посипување
  • по потреба кафеав шеќер

Подготовка

Во сад измешајте ги сувите состојки.
Додајте го млекото и маслото и замесете тесто.

Земајте по малку од тестото и формирајте топчиња.
Секое топче расукајте го малку во должина.
На средината ставете мармалад.

Преклопете на половина како панцерота.
Потоа со раце внимателно оформете полумесечинки.

Наредете ги во плех и посипете со малку кафеав шеќер.

Печете на 190 степени додека поруменат.