Ми останаа 6 белки и веднаш да се искористат, да не се фрлат де.
Но не е грешка ако се прави тортата со цели јајца и веднаш 6 жолчки со 6 лажици шеќер се матат над пареа до згуснување и се додаваат во филот.
Како сакате така правете,
Едно знам, дека тортичката е одлична.

Прво се матат 3 белки со 3 лажици шеќер во густ шам.
Се додаваат едно мало лажиче брашно и 80 гр урми, сецкани по должина.се печи во бр 24, на тивко околу 10 минути.
Се матат повторно 3 белки, со шеќер , до згуснување и се додаваат едно лажиче брашно и 80 гр орев, сечен по должина. Се печи во број 24 на 180 степени.
Крем
Во касерола се налива 400 мл млеко, 4 лажици шеќер, пудинг од чоколадо и 2 лажици густин.
Се вари до згуснување.
Се додава 100 гр црно чоколадо.
Се промешува да се растопи.
На страна се бие еден чоколаден шлаг со 160 мл млеко, ќе биде малку понестегнат.
Се додава на изладениот крем.
На тајнир се поставува кората со ореви, обилно фил, па кора со урми и се завршува со крем.
Оди во фрижидер 2 часа, па се сервира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани