15
ное
2015
Рустична пита со праз
Во еден сад се соединуваат сите состојки за тесто, без претходно квасецот да втасува. Се замесува нелепливо тесто, средно меко.
Во една тава се става масло, се додава сецканиот праз, се пржи 10 минути, па се додавца сецканата пиперка.
Се зачинува и се трга од оган.
Нека подизлади, па се додаваат јајцето, павлаката, сирењето.
Од тестото се сучи округла кора, во средината се нанесува филот, се завиткуваат убаво краевите и средината се покрива сол ливчиња компир.
Се печи околу 25 минути на 200 степени.
Лиценца: Сите права се задржани