Руски капи
Прво се спрема филот.
Млекото заедно со шеќерот и ванилата се става во тенџере на оган да зоврие. Малку од млекото се остава настрана за да се измеша со брашното и жолчките. Жолчките се матат со миксер и постепено се додава брашно и млеко. Кога ќе зоврие млекото се додава смесата со жолчки и брашно и се меша додека се добие потребната густина. Филот се трга настрана и се остава да се излади. Откако убаво се излади се додава 125 гр. изматен маргарин.
За кората.
Се матат јајцата со шеќерот. Откако шеќерот се растопи и се добие густа смеса се додава врелата вода и маслото. Се исклучува миксерот и во садот се додаваат сувите состојки претходно измешани (брашното, пецивото и какаото). Вака добиената смеса се става во плех бр. 30 на 180 степени околу 20 минути. Се остава кората да се излади а потоа се сече со мала чашка за ракија со остра ивица. Добиените парчиња се сечат на половина, а потоа се премачкуваат со филот и се лепат. Добиеното колаче се премачкува по страните и се валка во кокос. Постапката се повторува со сите колачиња. Се добиваат околу 40 броја. Половина од колачињата се преливаат со глазура од црно чоколадо а другите со бело. Глазурата се спрема на пареа со една лажица масло за јадење. Врз колачињата со црно чоколадо се прават шари од бело чоколадо и со помош на чачкалица се прават прекрасни шари. Постапката се повторува и обратно на белата глазура се прават шари од црно чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
еднаш земав да кршам ореви за шеќерковата мајак (некои ја викат свекрва). три скриши едно лапни, две скрши, три лапни. кога ме видоа како ПОМАГАМ одма решија дека јас трудна не треба да се мачам ( а и да им остане нешто од оревите) :) :) :) :)