Во сад ставете 100 мл млако млеко и додадете го квасецот, една лажица брашно, шеќер и промешајте. Оставете да надојде 10 минути.
Во друг сад ставете пола од брашното, додадете го надојдениот квасец, преостанатото млеко, малку сол, омекнат маргарин, замесете средно тесто и оставете да нарасне на топло место.
Тестото ставете го набрашнета маса развлечете кора со дебелина од 0.5 см.
Земете една поголема и една помала чаша, прво со поголемата извадете круг, а потоа во тој круг исечете со помалата чаша помал круг.
Секој круг премачкајте го со малку вода, обрачот од тесто свиткајте го како осмица, како на сликата, а потоа на пола и ставете го врз малиот круг од тесто.
Врз секоја ружа ставете парче биено сирење, премачкајте со разматено јајце и наросете сусам.
Печете на 200 степени додека поруменат.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови