Постапка
Се земаат корите две по две. Двете кори се преклопуваат на половина и се прска со масло само втората кора.
Настрана се мешаат оревите, гризот и сувото грозје. Од овој фил се става по три лажици на долниот крај од корите и се витка во ролат, ама да биде постегнато. Така се прават сите кори во вид на ролати-рол.
Се ставаат во намрсен плех. Корите се сечат на 5 дела, се премачкуваат со масло и се печат на 200С околу 35 мин.Откако ќе се испече се остава да се зори во исклучената рерна.

Шербет
Во длабок сад се става шеќерот и водата да варат и откако ќе почне да врие треба да повари уште 5 мин да се згусне шербетот. Се исклучува се додава ванила. Шербетот да постои 5 мин, а потоа се прелива на ладна баклава.
Кога ќе олади се прелива со стопена бела и црна чоколада измешана со по 3 лажици масло. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани