Роловани свински шницли со суви сливи и кикирики
Свинските шницли истолчете ги, посолете и наросете црн бибер.
Во секоја од сувите сливи ставете по една печена несолена кикирика.
Врз секоја шницла ставете по 3 сливи, завиткајте во ролат и прицврстете ги со чепкалки.
Во тава на оган ставете го путерот и малку маслиново масло.
Откако ќе се загрее ставете ги ролованите шницли и пржете ги на среден оган.
Повремено посипувајте ги со мрснотијата во која се пржат.
Прилог
Сварените компири исечете ги на кругови, посолете и наросете црн бибер.
Во тава на оган ставете го путерот да се растопи, па додајте малку маслиново масло да се загрее.
Во тавата ставете ги гранчето рузмарин и чешнето лук.
Пропржете ги колку да се ароматизира мешавината од масло и путер.
Потоа извадете ги, па во тавата додајте ги круговите компир.
Откако ќе се пропржат извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија.
Од испржените роловани шницли извадете ги чепкалките и исечете ги на парчиња.
Послужете со прилогот од компир и свежа салата.
Лиценца: Сите права се задржани